Охрид на 9 јануари стартува со тренинзи – на 13 јануари го игра првиот натпревар

Амбициозната екипа на Охрид на 9 јануари ќе ги стартува подготовките за пролетниот дел од сезоната во Супер лигата.

Охриѓани веднаш заминуваат на подготовки во Србија, а веќе на 13 јануари ќе го играат првиот пријателски натпревар против локалната екипа Врбас.

На 16 јануари екипата заминува за Белград, каде ќе биде дел од турнирот „Вук Рогановиќ“ во организација на Партизан.

На 17 јануари е полуфиналето со Динамо Панчево, додека на 18 е мечот за пласман. Во второто полуфинале играат Партизан и словенечкиот Тримо Требње.

Во овој дел од подготовките ќе недостасуваат српскиот и хрватскиот репрезентативец, Дарко Ѓукиќ и Анте Иванковиќ, кои ќе играат на ЕП.