Тимот на Охрид го промовираше левиот бек Стефан Петриќ, кој дресот на Вардар ќе го замени со оној на тимот од покрај езерото.
Амбициозниот Охрид со ангажманот на Петриќ ќе ја пополни празнината на левата бековска позиција по повредата на Теимураз Орјоникидзе.
Петриќ ќе го носи „сино-белиот“ дрес во наредната сезона, откако се обврза на верност до 2026 година.
Претходно потпис на договорите со Охрид ставија Тилен Стрмљан, Анте Иванковиќ, Николаос Лиапис, Предраг Вејин, a се очекува промоција и на десниот бек Давид Саврески, како и камбек од позајмицата во Прилеп на Никола Шипинкоски.
Српскиот лев бек потекнува од Партизан, играше за младинските репрезентации на Србија, а во 2023 се пресели во Вардар.