Охрид му посака добредојде на Ќосевски

Како што најави 24Ракомет, десното крило Ален Ќосевски во продолжение од сезоната ќе игра за амбициозниот Охрид.

Тој се обврза на договор од една и пол сезона и ќе биде „гладијатор“ најмалку до летото 2027 година.

„Ален Ќосевски е нов играч на ГРК Охрид! Ќосевски потпиша на 1.5 сезона со ГРК Охрид, настапува на позицијата десно крило, има 24 години (184цм). Доаѓа по 6.5 сезони поминати во РК Вардар 1961, има настапи за сите младински категории на Македонската машка ракометна репрезентација, а неговото име е секогаш на поширокиот список на Македонската сениорска репрезентација“, се вели во објавата на охриѓани.

Тој ќе настапува во тандем со српскиот репрезентативец Дарко Ѓукиќ на десната крилна позиција.

Охрид не мирува – доаѓа ново ЗАСИЛУВАЊЕ!