Охрид и Бутел го комплетираат 8. коло во суперлигашкиот плеј-оф

Екипите на Охрид и Бутел Скопје со денешниот меѓусебен дуел ќе го комплетираат 8. коло во плеј-оф фазата од Супер лигата.

Тимот предводен од Стевче Алушовски на првата пресметка против скопскиот тим успеа да обезбеди победа од еден гол разлика, 30:29.

Охрид, кој во досегашниот тек од разигрувањето за титулата триумфираше на пет натпревари, доколку победи против Бутел Скопје, тогаш ќе го преземе третото место на табелата.

Бутел Скопје во вториот дел од тековната сезона оствари само еден триумф, оној против Струга во рамки од петтото коло.

Натпреварот меѓу Охрид и Бутел Скопје ќе се одигра со почеток од 19:00 часот во спортската сала „Билјанини Извори”.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР14130141
2ПРОЛЕТ1430119
3СТРУГА1400140