Охрид го торпедира Тиквеш и ќе игра во Европа!

Ракометарите на Охрид прославија висока победа над Тиквеш со 32-23 во директната пресметка за четвртото место на табелата и место во Европскиот Куп.

Победата на домаќините во ниту еден момент не беше доведена во прашање и беше најавена уште по првото полувреме кога беше 18-11.

Во второто полувреме избраниците на Стевче Алушовски само рутински ја довршија започнатата работа и се израдуваа на местото во Европа.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа крилата Цирар и Ојлески со шест, односно пет погодоци, додека кај Тиквеш, Обина, Анастасовски и Манасков имаа по четири реализации.