Охрид го „растури“ Куманово и го потврди играњето на Ф4 во Купот

Фаворитот Охрид очекувано и лесно се пласираше на завршниот турнир од Купот на Македонија откако со 35-18 го победи Куманово фо финалето на В групата што се играше во Охрид. Гостите од Куманово утрината го победија тимот на Младост, и неколку часа подоцна му се спротиставија на домашниот Охрид, но немаа шанси.

Охриѓани на Ф4 турнирот ќе играа заедно со „црвено-црните“ од Јане Сандански, со Еурфарм Пелистер од Битола, и со „сино-белите“ од Автокоманда. Актуелен победник на Купот е Вардар. Дополнително ќе биде решено каде ќе се игра Ф4 тунрирот и полуфиналените двојки.

Почетните 5-1 за 4,5 минути играње најавија трумф на „гладијаторите“, а во 20 минута предноста беше 12-4. Немаше дилеми околку побендикот, туку само околу резултатот. На полувреме остана предноста од осум гола, 16-8. Иако го немаа капитенот Ојлески, Петриќ, тоа не се почуствува.

Квалитетот беше очигледен во корист на Охрид, а во 35 минута првпат имаа двоцифрена предност, 20-10. Потоа разликата отиде на 16-17 гола плус во корист на Охрид. Сите очекуваа само побрзо да мине времето и да заврши „мачењето“ на гостите кои знаеја дека немаат шанси, но мораше да ги издржат сите 60 минути.

Кај домашните со 6 гола најпрецизен беше Никола Ристески, по 4 дадоа Иванковиќ, Ѓукиќ и Ќосевски, а кај гостите 6 гола постигна Александар Стојков