Охрид го делат уште 30 минути до полуфиналето на Купот на ЕХФ

Охрид е на чекор до пишување на нова клупска историја, и до пласман во полуфиналето на Купот на ЕХФ откако води со 14-12 на полувреме од реванш мечот против Олимпијакос. На првиот дуел во Атина, нашите ракометари победија со 31-26.

Олимпијакос најавуваше дека доаѓа да победи во Охрид, но од самиот почеток на средбата домаќините имаа водство, кое во 10 минута беше 6-4. Точно е дека тешко почна мечот, зошто влогот беше голем, а разликата во корист на Охрид кој требаше уште еднаш да покаже и докаже дека е тим кој заслужува да игра меѓу најдобрите четири тимови во Купот на ЕХФ.

Секој меч е посебна приказна и посебна борба што мора да се добие. Грците најавија дека нема да се предадат, па во 15 минута го израмнија резултатот на 7-7. И секоја акција е важна, а со две одбрани и добри контри Охрид веќе водеше со 9-7.

Во последните десет минути од првото полувреме домашните влегоа со предност од 12-9. Гостите брзо постигнаа гол по грешка на Охрид, а тренерот Борис Ројевиќ реагираше со тајмаут. Последните пет минути Охрид имаше предност од 14-10, и напад кој не го реализираа за повисокот водство, но Реј Моралес во одбрана „собра“ топка со која пак им даде шанса на соиграчите во напад да бидат ефикасни, иако и тоа не помина, за потоа Олимпијакос на намали на 14-11 во 28 минута од средбата.

Последната минута донесе промашен шенал од Ѓукиќ, и гол за Олимпијакос. А потоа ниту Олимпијакос не успеа да казни, па во соблекувалните се замина со предност од 14-12 за Охрид.