Еве кога Охрид ќе се бори за ЕВРОПСКО ФИНАЛЕ!

Охрид вторпат го победи грчкиот Олимпијакос и со стил се пласираше во полуфиналето на ЕХФ Европскиот Куп.

Ибраниците на Борис Ројевиќ сега стигнаа до триумф, 25-24, потешко отколку во Атина, но и натаму се без пораз во Европа.

Ривал на „гладијаторите“ ќе им биде словенечкиот Целје, кој во двомечот ја елиминира романската екипа Бузау.

Натпреварите се играа на 25/26 април на гостински терен, односно на 2/3 мај во СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид.