Охрид влегува во европскиот ракометен крем, испиша нова клупска историја, постигнувајќи го најголемиот клупски успех, пласманот во полуфиналето на Купот на ЕХФ. „Гладијаторите“ стигнаа во Топ-4 откако го елиминираа Олимпијакос од Атина, победувајќи го со 25-24 во реваншот во Охрид.
Си закажаа двомеч нашите ракометари со словенечки Целје, кој пак дури на гостувањето во Турција го победи тимот на Бурса, и се пласираше меѓу најдобрите четири екипи.
Олимпијакос најавуваше дека доаѓа да победи во Охрид, но од самиот почеток на средбата домаќините имаа водство, кое во 10 минута беше 6-4. Точно е дека тешко почна мечот, зошто влогот беше голем, а разликата во корист на Охрид кој требаше уште еднаш да покаже и докаже дека е тим кој заслужува да игра меѓу најдобрите четири тимови во Купот на ЕХФ.
Секој меч е посебна приказна и посебна борба што мора да се добие. Грците најавија дека нема да се предадат, па во 15 минута го израмнија резултатот на 7-7. И секоја акција е важна, а со две одбрани и добри контри Охрид веќе водеше со 9-7.
Во последните десет минути од првото полувреме домашните влегоа со предност од 12-9. Гостите брзо постигнаа гол по грешка на Охрид, а тренерот Борис Ројевиќ реагираше со тајмаут. На полувреме во соблекувалните с замина со предност од 14-12 за Охрид.
Борозан и со двајца играчи помалку во тимот постигна гол за Охрид и носи водство 16-14, во 36. минута. Можеа Охриѓани да поведат и со три гола, а откако не реализираа и направија техничка грешка во контра примија гол, а потоа Скарамели од крило го израмни резултатот на 16-16 во 39 минута. Срмљан ја погоди стативата, но и гостите грешеа а Јагуриновски во контра реализираше за ново водство од 17-16.
Останаа Охриѓани во 43 минута беа Реј Морале ској доби трето исклучување, па мораше да се пресели на трибините. Од тоа профитираше Олимпијакос кој намали на 18-17. Во 45 минута не реализираа Охриѓани пенал, а потоа Олимпијакос израмни на 18-18. „Сините“ го задржаа водството иго зголемија повторно на „плус 2“ за 20-18 во 49 минута.
Решавачките последни 8 минути од мечот почнаа со неуспешен цепелин за Охрид, кој наместо да води со два гола, прими гол со кој Олимпијакос израмни на 21-21. Иако Грците беа резултатски во игра нас „не покриваше“ триумфот од пет гола од првиот меч. Лиапис повторно беше изненадување од крило за гол со која донесе водство 22-21. Остануваше се помалку време, иако Олимпијакос повторно израмни, 22-22 во 56 минута. Се опуштија домашните, па техничката грешка му донесе само второ водство на Олимпијакос, 23-22 во 56 минута. Борис Ројевиќ веднаш реагираше со тајмаут, да најде игра со која барем со минимален триумф ќе го завршу мечот.
Пласманот во полуфиналето веќе не беше според, на 4 минути до крај, но требаше да се сочува добрата игра од целиот меч и да се продолжи со побендичкиот од во европските купови. Лиапис промачи од чест метри, а потоа и Пилиповиќ одбрани. Иванковиќ го даде толку поскауваниот гол, но повторно гостите брзо реагираат и поведуваат. Остануваа уште 2,5 минути, а Прибетиќ се избори за пенал. Дарко Ѓукиќ превцизен и ново израмнување, 24-24.
Пилиповиќ одбрани удар, и во послледните 80 скеунди Охрид имаше шанса, а Прибетиќ погоди. Пилиповиќ пак брании Охрид има нова шанса за водство кое ќе значи и триумф. Немаше нов гол, и со 25-24 победи Охрид.

























