Амбициозниот Охрид ќе игра два пати на домашен терен во второто коло од ЕХФ Европскиот Куп.
Противникот, Баку од Азербејџан, ја прифати понудата од Охрид и двете средби ќе се одиграат во СРЦ „Билјанини Извори“.
Првиот меч ќе се игра на 11 октомври со почеток во 18:00 часот, додека вториот дуел е следниот ден во истиот термин.
Охриѓани имаат неспоредливо подобар состав од Баку, кој досега во трите излези во Европа, ниту еднаш не играл на домашен терен.