Екипата на Охрид доби покана да се приклучи на натпреварите од СЕХА лигата. Иако лигата во таков формата веќе неколку сезони не постои, сепак преку турнири сака пак да функционира, особено ова „јужно крило“ кое беше најсилно досега. Затоа сега се работи на реорганизација на истата лига.
Според информациите на 24Ракомет, на почетокот на септември ќе има состанок на СЕХА лигата во каде би се разговарало за форматот во кој истата би продолжил. Сигурно е дека нема да има лига систем, туку 1-2 или повеќе турнири во период кога клубовите се слободни. Покани има и до екипи од БиХ, Грција, Србија, Македонија, Унгарија…
Охрид би бил вториот македонски клуб што би играл на овие турнири ако прифати, бидејќи Еурофарм Пелистер и лани и сега настапува на „Турнирот на пријателство“ што се одржува во Турција, а каде има две екипи од „источната дивизија“ каде се Мешков, ЦСКА Москва, Чеховски Медведи, Зенит..
Охрид би прифатил да игра, но само доколку има турнирски систем и однапред да се знаат термините со цел да можат да ги испланираат и сопствениот календар. Засега нема информаци каков формат може да има, ниту во кој термин би се играле, но се споменуваат јануари, јуни и август како опции за играње на турнирите.
Додека постоеше СЕХА Газпром лигата во лигашки формат, екипата на Вардар петпати ја освојуваше таа лига, а пет трофеи има и Веспрем. Една титула има Загреб.
Последниот Ф4 турнир на СЕХА лигата се одржа во 2022 година во Задар каде триумфираше Веспрем, а Еурофарм Пелистер го освои третото место. По два тима од двете дивизии, Исток и Југ, лани и ова лето ја продолжуваат традицијата на Ф4 турнирите во СЕХА.