Oхрид доби „голман-ѕвер“ – им фати седум удари на Германците за 15 минути!

Селекцијата на Хрватска загуби од Германија со 32-29 на пријателски натпревар пред Европското првенство, но одново голманот Дино Славиќ имаше одлична партија.

По 15 одбрани на мечот со Македонија, Славиќ кој потпиша за Охрид до 2028 година, ги покажа своите квалитети и против Германија.

Членот на францускиот Лимож влезе на терен да го замени Матеј Мандиќ во второто полувреме, петнаесетина минути го бранеше голот на Хрватска и успеа да фати седум удари од 17 обиди на ривалите, со 41% успешност.

Нема сомнеж дека Охрид добива искусен и квалитетен голман со кој ќе јуриша на домашна и меѓународна сцена наредната сезона.