Како што најавија пред неколку сезони кога за првпат беше организиран турнирот „Крсте Андоновски“, како минуваа годините така и квалитетот на екипите, организацијата и покажаниот ракомет постојано растеше. Годинава е 4. издание на турнирот кој од 19 до 23 август ќе се игра во салата во СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид. Од осумте екипи, дури шест лани завршија во ТОП 2 во своите држави, и доаѓаа три шампиони на своите земји.
Во пет дена натпреварувања ќе учествуваат осум екипи од шест држави, што го прави ова најсилното издание досега. Во Група А се: Охрид, Партизан (Србија), Нексе (Хрватска), Киндил (Фарски Острови), а во Група Б ќе играат: Вардар, Еурофарм Пелистер, Динамо Панчево (Србија), Тримо Требње (Словенија) кој дојде како замена за АЕК Атина.
Најдобрите од групите ќе играат директно за трофејот, а другите за пласман според постигнатите резултати во групите. Минатата сезона, Вардар ја освои титулата на своето прво учество во Охрид. Претходно победуваа Партизан и Еурофарм Пелистер.
Турнирот е посветен на ликот и делото на легендарниот ракометар и тренер Крсте Андоновски, а за четири години постоење веќе стана препознатлив спортски бренд. Организацијата од година во година расте, со сè поголем интерес од екипи кои сакаат да учествуваат и силна поддршка од локалната заедница.
❗❗ СИТЕ НОВОСТИ ПОВРЗАНИ СО 4. ИЗДАНИЕ НА ТУРНИРОТ „КРСТЕ АНДОНОВСКИ“ ВО Охрид можете да ги најдете во специјалниот дел посветен на турнирот на страниците на 24ракомет. ❗❗
❗❗ Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и на Instagram и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон… ❗❗
Слично како и минатите години www.24rakomet.mk како единствен специјализиран медиум за ракомет во Македонија ќе ви ги претстави сите учесници на турнирот. Ќе ве запознае со екипите и најдобрите играчи кои доаѓаат, ќе ви пренесе дел од занимливостите од претходните сезони.
Секако најважно од се е што ќе можете да ви гледате во живо и сите натпревари, и секако видео изјави на најдобрите поединци во екипите.
Со својата традиција, силната конкуренција и одличните услови за игра, овој турнир е вистинска ракометна пролетна увертира и место каде навивачите ќе можат да уживаат во врвни мечеви пред почетокот на новата сезона.
Годинава домаќините имаат и промотор на турнирот, тоа е Лино Червар кој во Охрид ќе биде во текот на целото одржување на турнирот, и секако достапен за сите оние кои сметаат дека тој е еден од најголемите светски тренери, и секако „ракометни умови“.
Бидете со нас, следуваат добри ракометни денови во Охрид…