Српскиот шампион Партизан го освои петтото место на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ откако славеше против Тримо Требње со 33-30. Во интересен натпревар како да се работи за бодови, Партизан направи голем пресврт и по негатива од пет гола, успеа на крај да слави триумф.
Во првиот дел одбраните на двете страни не беа во елемент, а имаше и многу грешки, па паднаа 34 погодоци. На паузата Тримо Требње водеше со 18-16.
Во второто полувреме словенечкиот тим се одлепи на водство од пет голови, па тренерот Чирковиќ мораше да реагира со тајм-аут.
Неговите избраници заиграа подобро, успеаја да се вратат во егал, 27-27, кога остануваа да се играат уште десетина минути до крајот на натпреварот. Со серија од 7-1, српскиот тим не само што израмни дури и поведе со 28-27.





Партизан – Тримо
Потоа Трнавац фати еден зицер, казни Иванов за плус два, 29-27, а беше и 31-29, но повторно Трнавац беше клучот на Партизан, кој му фати уште еден зицер на Цингесар. Во последните 60 секунди имаше пресинг на теренот, но немаше време за нешто повеќе и на крајот Партизан славеше.
Седмото место го освои екипата на Динамо Панчево која славеше со 28-24 против Киндил од Фарски Острови.
Во вечерната програма од 17:45 часот ќе играат екипите на Вардар и Нексе за третото место, додека за трофејот од 20:00 часот ќе се борат домаќинот Охрид и македонскиот првак Еурофарм Пелистер.