ОХРИД 2025: Сите 16 мечеви во живо со коментар, изјави, гости…

Вкупно 16 натпревари ќе се играат на 4. издание на меѓународниот ракометен турнир „Крстe Андоновски“ во Охрид, и сите ќе бидат пренесувани во живот на Youtube каналот на 24Ракомет.

Сите натпревари ќе имаат и коментар на македонски јазик, со директни вклучувања на тренерите, најдобрите играчи на натпреварот, а предвидено е да има и разговор со различни гости на полувремето на мечевите.

Слично како и лани, нашата редакција ќе ви ги пренесе сите најдобри моменти од турниот, заедно со нашите гости пред и после секој натпревар. Видео разговори, фото-галерии, интервјуа, вести, занимливости…

Термините за натпреварите се 16:30 часот, 18:30 часот и 21:00 часот. Преносите на You Tube каналот на 24Ракомет ќе почнуваат 30 минути пред почетокот на натпреварот.

Изјавите од секој меч ќе можете да ги најдете на 24Ракомет, и на нашите канали на социјалните мрежи на Facеbook и на Instagram.

Претплатете се уште сега на каналот на 24Ракомет и добивајте ги сите информации околу преносите навреме. Секојдневно ќе ве известуваме за сите случувања, и ќе можете да погледнете различен видео материјал посветен на турнирот.

Покрај домаќинот Охрид, годинаваа на турнирот ќе играат и екипите на Вардар, Еурофарм Пелистер, Тримо Требње, Динамо Панчево, Нексе, Киндил од Фарски Острови и Партизан.

 

❗❗  СИТЕ НОВОСТИ ПОВРЗАНИ СО 4. ИЗДАНИЕ НА ТУРНИРОТ „КРСТЕ АНДОНОВСКИ“ ВО Охрид можете да ги најдете во специјалниот дел посветен на турнирот на страниците на 24ракомет. ❗❗

❗❗  Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и на Instagram и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон… ❗❗