ОХРИД 2025: Што му треба на домаќинот за финале?

Домаќинот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, Охрид е на чекор до ново финале по она на Струшкиот турнир.

Охриѓани славеа на важниот натпревар против Партизан со 30-25 и сега се во пол-позиција, додека српскиот шампион по триумфот над Нексе со 28-26, има гол-разлика од -3 и веќе нема шанси за првото место.

Нексе е на гол-разлика од -2 пред дуелот со Охрид, додека „гладијаторите“ се на +5. Тоа значи дека избраниците на Борис Ројевиќ и пораз до три гола разлика ги става на првото место на табелата.

Тоа носи пласман во финалето, додека во другата група каде што се Вардар, Еурофарм Пелистер, Тримо Требње и Динамо Панчево, сите опции се отворени.