Ракометарите на Нексе по поразот од Партизан во првото коло на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ ја запишаа првата победа и останаа во трка за првото место во групата што носи во финале.
Хрватскиот вицепрвак славеше против шампионот на Фарски Острови, Киндил, со убедливи 28-20 и сега ќе очекува услуга од Охрид, па потоа да триумфира над домаќинот и во круг од три тима со ист учинок да се надева на првото место.

По израмнетиот почеток, во финишот на полувремето, Нексе успеа да се одлепи и да поведе со пет погодоци, 15-10 на паузата. Во вториот дел тренерот Крешо Иванковиќ им даде шанса на оние со помала минутажа.
Сепак тоа не беше некој проблем, па Нексе само рутински го доврши натпреварот со триумф. Сега следува ден одмор за хрватскиот вицепрвак, пред можеби одлучувачкиот натпревар со Охрид во петок.


























