Првото издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ се одржа во 2022 година со четири екипи, а трофејот го освои Тиквеш. Покрај Охрид и Тиквеш, настапија и Партизан и Пролет, кои го одиграа првиот натпревар на турнирот.
Српскиот состав славеше со 35-34 во драматичен натпревар, а стрелец на првиот гол на турнирот беше левиот бек Стефан Петриќ. Тој сега е ракометар на Охрид и одново ќе биде дел од турнирот, на неговото четврто издание, а лани играше со Вардар.
Од Македонија учествуваат трите најдобри екипи – Вардар, Еурофарм Пелистер и Охрид, од Србија доаѓа шампионот Партизан и Динамо Панчево, хрватскиот Нексе Нашице, словенечкиот Тримо Требње и шампионот на Фарски Острови – Киндил.
Натпреварите ќе се играат во три термини, 16:30, 18:45 и 21:00 часот во СРЦ „Билјанини Извори“, а влезот за сите е слободен.
❗❗ СИТЕ НОВОСТИ ПОВРЗАНИ СО 4. ИЗДАНИЕ НА ТУРНИРОТ „КРСТЕ АНДОНОВСКИ“ ВО Охрид можете да ги најдете во специјалниот дел посветен на турнирот на страниците на 24ракомет. ❗❗
❗❗ Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и на Instagram и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон… ❗❗