ОХРИД 2025: „Гладијаторите“ на мегдан со Партизан, Еурофарм Пелистер на испит со Тримо

Денеска се играат натпреварите од вториот ден на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, кои се очекува да донесат возбудувања во СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид.

Во првиот натпревар ќе се сретнат хрватскиот вицепрвак Нексе и првакот на Фарски Острови, Киндил. Нексе по поразот од Партизан нема друга опција освен победа ако сака да остане во трка по првото место во некој круг од три екипи.

Во втората средба македонскиот шампион Еурофарм Пелистер ќе се соочи со словенечкиот Тримо Требње, третопласираната екипа од минатото првенство.

Шлагот на денот треба да биде пресметката меѓу домаќинот Охрид и српскиот шампион Партизан, кој би можел да го одлучи првото место во групата и патникот во финалето.

Распоред на натпревари: 

16:30 Нексе – Киндил
18:45 Еурофарм Пелистер – Тримо Требње
21:00 Охрид – Партизан