Еурофарм Пелистер имаше убедлива партија и го победи Вардар со 30-25 и се наоѓа на чекор до првото место во групата, односно пласман во финалето на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“.
Тренерот Рубен Гарабаја веднаш стана миленик на навивачите кои дојдоа во голем број од Битола во Охрид.
Тие заедно со Гарабаја со шпанско знаме ја прославија победата, а долго траеше прославата по победата над лутиот ривал, и покрај тоа што се работи само за пријателски натпревар.
Сега Еурофарм Пелистер мора да победи против Динамо Панчево, по можност со повисока разлика, и потоа да чека услуга од Вардар, односно пораз на Тримо Требње.