Денеска стартува 4. издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид со учество на осум екипи од Македонија и регионот.
Покрај домаќинот Охрид, тука се и најдобрите од Македонија, Вардар и Еурофарм Пелистер, како и српските Партизан и Динамо Панчево, хрватскиот Нексе Нашице, словенечкиот Тримо Требње, како и шампионот на Фарски Острови – Киндил.
Организаторот ги откри официјалните лица – судиите и делегати што ќе бидат дел од натпреварите во СРЦ „Билјанини Извори“.
Тука е најдоброто од Македонија – Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, како и Методија и Михајло Илиевски. Тие ќе ги судат натпреварите по групи и оние за петто и трето место, односно финале.
Дуелот за седмо место в сабота ќе го судат Александар Шуковски и Иван Илиевски.
Меѓу делегатите во Охрид ќе бидат Марјан Начевски, Камер Металари, Ацо Николовски, Игор Огненов, Славчо Каланоски, Славчо Ристески, Бобан Мајнов и Љупчо Јаневски.
Од денешната програма, во 16:30 часот ќе играат Вардар и Динамо Панчево, од 18:45 ќе се сретнат Охрид и Киндил, додека од 21:00 часот на мегдан ќе излезат Партизан и Нексе.