ОХРИД 2025: Дали знаете кој е првиот победник на турнирот „Крсте Андоновски“?

Денеска ќе стартува 4. издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во СРЦ „Билјанини Извори“. Покрај домаќинот Охрид, од Македонија претставници ќе бидат двократниот европски првак Вардар и шампионот Еурофарм Пелистер. Останатите пет екипи се од странство, бидејќи охридското крајбрежје стана популарно за последните подготовки на екипите пред стартот на сезоната.

Доаѓаат српските Партизан и Динамо Панчево, хрватскиот Нексе Нашице, словенечкиот Тримо Требње, како и шампионот на Фарски Острови – Киндил.

Првото издание на овој турнир се одржа летото 2022 година, со учество на четири екипи, кои играа по принципот полуфинале, финале. Покрај домаќинот Охрид, играа и Тиквеш и Пролет од Македонија, а единствен гостин од странство беше српски Партизан.

Прв победник стана екипата на Тиквеш од Кавадарци, која во финалето на турнирот го совлада составот на Партизан со 33-32 по ударите од седум метри. Во пенал серијата за кавадарчани стрелаа Симиќ, Петровиќ, Хамзиќ и Стефановиќ, додека Велков го скроти ударот на Зечевиќ и неговиот тим ја искористи предноста за победа.

Претходно во полуфиналето, Тиквеш го совлада Охрид со 24-22, додека Партизан беше подобар од Пролет со 35-34. Во битката за трето место, Охрид триумфираше против Пролет со 27-23.

 

❗❗  СИТЕ НОВОСТИ ПОВРЗАНИ СО 4. ИЗДАНИЕ НА ТУРНИРОТ „КРСТЕ АНДОНОВСКИ“ ВО Охрид можете да ги најдете во специјалниот дел посветен на турнирот на страниците на 24ракомет. ❗❗

❗❗  Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и на Instagram и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон… ❗❗