Денеска се играат последните натпревари од групната фаза на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ по што ќе биде познато кои екипи ќе играат во финалето.
Во првиот термин од 16:30 часот ќе се сретнат македонскиот шампион Еурофарм Пелистер и српскиот Динамо Панчево. На овој меч битолчани за пласман во финалето мора да бркаат победа, по можност и повисока, за да имаат подобра гол-раалика од словенечкиот Тримо Требње, при евентуална победа на Тримо над Вардар.
Тримо исто така може да биде прв, но мора да слави против Вардар со поголема разлика за да биде подобар од битолчани, но тој дуел се игра втора, па тимот на на Тамше ќе знае што му треба.
Вардар исто така може до првото место и до финале, но мора да се надева на пораз на Еурофарм Пелистер, а потоа и мора да слави против Тримо Требње.
Охрид е во пол-позиција за првото место во неговата група. Било каква победа, реми или пораз до три гола разлика го носи домашниот тим во финале. Нексе мора да победи со четири или повеќе голови против Охрид за да се надева на прво место и финале.
Распоред на натпревари:
16:30 Динамо Панчево – Еурофарм Пелистер
18:45 Тримо Требње – Вардар
21:00 Охрид – Нексе