ОХРИД 2024: Вардар со нова моќна партија – штиклиран и Партизан!

Ракометарите на Вардар ја запишаа и втората победа на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако го совладаа српскиот вицепрвак Партизан со 32-26. Избраниците на Владо Недановски во првиот дел му дадоа до знаење на амбициозниот српски состав дека нема што да бара на овој натпревар и во вториот дел само рутински го одработија натпреварот.

По 4-4 на стартот на мечот, Вардар почна да ја презема контролата на теренот. Најмногу по заслуга на голманот Гогов, „црвено-црните“ постигнаа дури осум гола во серија и поведоа со 11-4.

Тренерот на Партизан, Ѓорѓе Чирковиќ, се обиде со тајм-аут да ги смири своите избраници, немаше многу голема резултатска промена. До крајот на полувремето српските ракометари намалија два гола од негативата, 18-13.

Во второто полувреме вардарци продолжија со одличната игра, а тренерот Владо Недановски умешно ја распредели минутажата кај сите ракометари. Партизан во еден момент се закани, намали на минус четири.

Тоа не беше доволно да се смени текот на натпревари. Јагуриновски и Горига успешно го полнеа голот на Зориќ и Арсениќ. Еспиња пак беше солиден на вардаровиот гол и немаше никаква неизвесност во поглед на резултатот.

Сега на табелата Вардар има четири бода и мирно ќе го чека натпреварот против Целје, кој може да решава за првото место во групата и за пласман во финалниот натпревар на турнирот „Крсте Андоновски“.

Дознајте ги сите новости поврзани со 3. издание на турнирот во Охрид во специјалниот дел посветен на турнирот на страниците на 24Ракомет.

,
Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и на Instagram, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон…