🎥ОХРИД 2024: Косановиќ по 16 години се виде со „старите вардарци“

Динамо Панчево загуби со 22-27 на првиот натпревар на турнирот „Крсте Андоновски“ во Охрид, а меѓу стативите на српскиот тим беше и Милошп Косановиќ. Иако веќе влезен во 5 децениј аод животот се уште брани солидно, а во Охрид имаше можност да се види со дел од своите некогашни соиграчи со кои играше во сезоната 2008/2009. Тогаш како дел од Вардар играше и во европските купови против Кадетен.
„Таа сезона во Вардар ми беше навистина добра. Помина многу време, и некои контакти се загубени. Се видов со Алушевски, и убаво е кога после толку време ќе се сретнете, се присети Косановиќ.
Целта на Динамо е да биде конкурентен и во Србија, и да им конкурира на Војводина и на Партизан.
„Се уште сме во подготвителе период. Одбраната беше добра,а во нападот се уште ја барам еформата. Имаме 20 дена до почето на првенството. Целта годинава е плејоф, ќе пробаме нешто повеќе да направиме. Ако ни се укаже нешто ќе се обидеме да го зграбиме.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24 Rakomet (@24rakomet)

Динамо Панчево е во група и со Олимпијакос и со Ловќен.