ОХРИД 2023: 24ракомет Video Vlog

Битолско славје во Охрид. За „зелените“ салата во Охрид конечно е „талична“, па три месеци откако го играа финалето на Купот на Македонија, сега го освоија трофејот на турнирот „Крсто Андоновски“.

Второто издание на турнирот се играше четири денови со осум екипи во две групи и вкупно 16 натпревари. Млади играчи, веќе афирмирани ракометари и познати ѕвезди на терен, а тренери и поранешни легенди на трибините.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24 Rakomet (@24rakomet)

Секоја година се подобри. Охриѓани се специјализираат за организирање на ракометни натпревари. Прво во домашниот Куп, а сега и со турнир. „Гладијаторите„ собираат искуство и велат: В година ќе биде уште подобро. Се гледаме во 2024.

Како помина последниот ден од ракометниот турнир „Крсте Андоновски“ низ објективот на 24ракомет