Огромен предизвик за браќата Илиевски – ќе судат четвтфинале во Лигата на Европа!

Македонските арбитри Методија и Михајло Илиевски ќе го имаат најголемиот предизвик досега во својата меѓународна кариера.

Европската ракометна федерација ги делегираше за четвртфинален натпревар во Лигата на Европа кај дамите.

Tие ќе го судат натпреварот меѓу данскиот Никобинг и германскиот Турингер што е закажан за претстојниот викенд.

Никобинг и Турингер ќе играат на 22 март во „Спар Норд Боксен“ во Никобинг од 18:00 часот, а делегат на овој меч е Ваихе од Фарски Острови.

За битолчаните Илиевски ова е уште еден важен меѓународен ангажман и доказ дека македонското судење и натаму има високо место во европскиот ракомет.