Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер објави дека кружниот напаѓач Самоил Ристевски ја заврши сезоната.
Тој ја скрши ногата на полуфиналниот натпревар од младинското првенство против „сино-белите“ од Автокоманда.
Клубот објави дека веднаш е извршен оперативен зафат, сезоната за него е завршена, но допрва ќе се знае колку ќе паузира.
Ова се лоши вести и за селекторот на младинците, Раде Стојановиќ, кој нема да смета на Ристевски за настапот на Мундијалот во Полска.