Селекцијата на Црна Гора на само 24 часа пред мечот со Словенија на стартот на Европското првенство остана без еден од најдобрите стрелци.
Левиот бек на унгарскиот Ѓер, Милош Божовиќ, ја обнови повредата на стапалото на тренинг и веќе се врати во татковината.
Сега селекторот Дидие Динар ќе мора да ги користи повеќе Борозан, но и Чепиќ и Вујовиќ на левата бековска позиција.
Црна Гора денеска ќе се соочи со Словенија, а во групата се уште и селекциите на Швајцарија и Фарски Острови.

























