По тренерот Борис Ројевиќ, амбициозниот состав на Охрид, го официјализираше првото засилување за претстојната сезона.
Тоа е десниот бек Предраг Вејин, српски репрезентативец, кој доаѓа од грчкиот Олимпијакос, каде што ја игра тековната сезона. За 32-годишниот ракометар од Србија, кој дел од својата кариера ја помина во Металург во 2017 година, ова ќе биде камбек во Македонија.
На интернационална сцена беше дел и од Нексе, Висла Плоцк, Адемар Леон, Данкерк…а моментално настапува во грчкиот шампионат.
Вејин е еден од најдобрите стрелци на Олимпијакос оваа сезона на домашна и на меѓународна сцена, каде што грчкиот тим стигна до четвртфиналето.
Охрид гради тим за високи дострели, по покрај Ројевиќ и Вејин, во следните денови треба да ги официјализира трансферите на бековите Анте Иванковиќ и Тилен Стрмљан, како и на пивотот Николаос Лиапис.