ОФИЦИЈАЛНО: Сагосен во Алборг до 2029!

Од денеска, норвешкиот репрезентативец Сандер Сагосен е ракометар на Алборг, со кој потпиша договор на 4,5 сезони.

Тој ќе остане во данскиот клуб најмалку до 2029, а неговиот веќе поранешен клуб Колстад ќе добие убава оштета, бидејќи Сагосен имаше договор до 2027 година.

Алборг се најде во небрано по повредата на Нилсон и суспензијата на Мартинс, па мораше веднаш да реагира.

Затоа што Сагосен играше за Колстад во групната фаза од Лигата на шампионите, нема да може да игра за Алборг на преостанатите три, но ќе биде на располагање од следната фаза.

За Сагосен ова е камбек во данскиот клуб, чиј дрес го носеше од 2014 до 2017, а во меѓувреме играше за ПСЖ и Кил.