ОФИЦИЈАЛНО: Бабиќ го презема кормилото на Олимпијакос

Како што најави 24Ракомет, поранешниот тренер на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ, ќе биде новиот предводник во амбициозниот тим од Грција, Олимпијакос.

Грчкиот клуб денеска ја официјализираше соработката со 51-годишниот стратег и го претстави Бабиќ како квалитетен тренер со богато CV.

Хрватот клупата на Олимпијакос ќе ја преземе од тренерската палка од Никос Граматикос, кој ја прекина соработката со Олимпијакос по поразот од АЕК Атина во осминафиналето на Купот.

Прв предизвик за Бабиќ ќе биде дербито со АЕК Атина од првенството веќе викендов, а потоа го очекува и двомечот од осминафиналето на Европскиот Куп против италијанскиот Бриксен.

Бабиќ во својата тренерска кариера работеше и во белорускиот Мешков Брест, словенечките Горење Велење и Кршко, како и во хрватските Сплит, Метковиќ, Балиќ-Метличиќ и Подравка, а беше и на клупата на Хрватска.

Не е Шола, туку Бабиќ: Екс тренерот на пелистерци ќе го води Олимпијакос!