Европската ракометна федерација ги потврди датумите и саатниците за последните четири средби на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите.
Првиот дуел во 2026 година за битолчани во елитата ќе се игра дома во салата „Боро Чурлевски“ против Висла Плоцк.
Потоа следува еден од најважните натпревари и гостувањето кај данскиот ГОГ Гудме на 25 февруари.
Последните две средби од групната фаза ќе бидат против ПСЖ во Битола на 4 март и против Барса во „Блауграна“ на 11 март.
19 февруари, 20:45, Еурофарм Пелистер – Висла Плоцк
25 февруари, 18:45, ГОГ Гудме – Еурофарм Пелистер
4 март, 20:45, Еурофарм Пелистер – ПСЖ
11 март, 20:45, Барселона – Еурофарм Пелистер
























