Одредени се домаќините на натпреварите од групната фаза во Купот на Македонија што ќе се игра претстојниот викенд.
Домаќин на групата А ќе биде Вардар и дуелите ќе се играат во СЦ „Јане Сандански“, додека дуелите од групата Б ќе се играат исто така во главниот град, во салата Автокоманда.
Натпреварите од групата В ќе ги организира Охрид во СРЦ „Билјанини Извори“, додека дуелите од групата Г ќе се одиграат во Битола во салата „Боро Чурлевски“.
Најголемите фаворити за пласман на Ф4 се домаќини, ќе играат на свој терен и се освен нивен пласман на завршниот турнир ќе биде голема сензација.
Куп на Македонија, мажи:
група А (Скопје, СЦ Јане Сандански)
Бутел Скопје – Вардар
Мулти Есенс – Еурофарм Пелистер 2
група Б (Скопје, спортска сала Автокоманда)
Пролет – Македонија Ѓорче Петров
Радовиш – Алкалоид
група В (Охрид, СРЦ Билјанини извори)
Тиквеш – Охрид
Куманово – Младост Богданци
група Г (Битола, спортска сала Боро Чурлевски)
Прилеп – Драчево Јуниор
Струга – Еурофарм Пелистер






















