Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беа извлечени судиските парови за натпреварите од 7 коло во плеј-офот и плеј-аутот.
Претстојниот викенд ќе бидат одиграни само четири средби, откако дуелот меѓу кавадарчани и „сино-белите“ од Автокоманда, е одложен за 28 мај, а таму арбитри ќе бидат Силвана Карбеска и Марија Илиева.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Охрид ќе го судат Ѓорѓи Начевски и Славе Николов додека средбата меѓу Вардар и Бутел Скопје им се „падна“ да ја судат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.
Средбата меѓу Куманово и Струга ќе помине со арбитража на Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев, а мечот меѓу Пролет и Прилеп ќе го судат Исмаил Металари и Ненад Николовски.
Супер лига, плеј-оф/аут, 7 коло:
Вардар – Бутел Скопје (Митревски/Тодоровски)
Еурофарм Пелистер – Охрид (Начевски/Николов)
Тиквеш – Алкалоид (Карбеска/Илиева)
Куманово – Струга (Колевски/Кркачев)
Пролет – Прилеп (Металари/Николовски)