Одреден домаќинот на Ф4 во Купот – ќе се игра на неутрален терен!

Завршниот турнир на Купот на Македонија ќе се игра во салата „Парк“ во Струмица од 17 до 19 април.

Оваа одлука за заедничка организација на машкиот и женскиот Ф4 во Купот на Македонија беше верификувана од страна на УО на РФМ.

Иако сите учесници на Ф4 од машкиот Куп посакуваа домаќинство, сепак РФМ одлучи тоа да биде на неутрален терен и сите да имаат еднакви шанси.

Кај мажите за трофејот ќе се борат Вардар, Еурофарм Пелистер, Охрид и „сино-белите“ од Автокоманда, додека кај дамите допрва ќе бидат познати учесниците.

Дополнително ќе биде познато кој ден кои полуфинални средби ќе се играат, како и полуфиналните двојки.