Одреден датум за дербито – еве кога тимот на Лазаров ќе гостува кај Вардар

Иако допрва треба да се одиграат натпреварите од 10 коло во Супер лигата, веќе е познат терминот за дербито од 11 коло што е на програмата претстојниот викенд.

Вардар ќе го пречека „сино-белиот“ тим од Автокоманда на Кирил Лазаров в недела во СЦ „Јане Сандански“ од 18:30 часот.

„Црвено-црните“ дополнително ќе објават детали околу влезниците за овој натпревар што е закажан за 9 ноември.

Вардар кој досега има девет победи на девет меча, гостува кај Пролет претходно, додека тимот на Лазров ќе игра дома со Струга.