Во иднина сите членови на Здружението на судии на Македонија ќе мораат да докажат дека се судски неосудуванио. Тоа ќе треба да го потврдат во следните 30 дена, реши Собранието на Здружението на ракометни судии на Македонија. За оваа одлука гласаа 63 од вкупно 64 присутни челнови на Собранието одржано во Охрид. Бројот на активни членови е 79 членови.
Собранието реши во следниот период да се организира Изборно собрание, и беше избрана комисија која тоа ќе го спроведе. Освен барањето за зголемување на таксите, на судиите во иднина нема да им биде загарантирано местото во одреден ранг на натпреварување.
Ако една, две или повеќе сезони некој судиски пар не е активен, а потоа повторно сака да суди ќе мора да биде најмалку еден ранг подоли од оној каде дотогаш судел. Потврдени се листите на судиите за следната сезона и дадени до УО на РФМ, каде треба да се изврши само верификација, и да се пријават во ЕХФ оние што се предложени од самите судии.
Се пофалија судиите дека од сопствените членарини касата им е полна, и имаат на сметка речиси 400.000 денари. Одржаа и семинар за новите правила и промените што ги има, заедно со делгатите-контролори.
Покрај промените со Статутот, Здружението реши да ги исклучи своите досегашни членови судии Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски. Причината е неплаќање чланарина. Рокот за плаќање бил 1 мај, а тие ја платиле на 12 јуни годинава во истиот ден кога УО на ЗРСМ ја донело одлуката за нивно исклучување. За одлуката гласаа 63 од вкупно 64 делегати кои присуствуваа на Собранието.
Во иднина сите судии кои ги исполнуваат нормите поставени од ЕХФ и ИХФ можат да судат до 55 годиншна возраст како што тоа го изгласа и ЕХФ.