Тимот на Плзен, каде што игра македонскиот репрезентативец Никола Костески, забележа нов триумф во чешкиот шампионат.
Талент Плзен го совлада Нове Весели со 32-28 во заостанатиот натпревар од втората рунда што се одигра денеска.
Десното крило Костески беше најдобар стрелец во победничкиот тим и постигна осум погодоци, од кои два беа од пенал.
Плзен сега има 38 бода на врвот во Чешка, пред Бањик Карвина на второто место со 33 бода. Во следната рунда ќе игра дома со Дукла Прага.