Еден од трите дански претставници во Лигата на шампионите, тимот на Оденсе, промовираше пет засилувања за новата сезона.
Најзвучното ново име е десниот бек на данската репрезентација Луис Бургард, која досега играше за францускиот Мец.
Од Франција, но од тимот на Нант, доаѓа и средниот бек Хелен Фауске, која имаше одлична сезона во Лигата на Европа.
Шпанската репрезентативка Лиса Чапчет по три сезони во норвешкиот Вајперс Кристијансанд се пресели во Оденсе, кој ја донесе и Ана Грунтвиг на левата крилна позиција од Ајакс Копенхаген.
Во Оденсе од новата сезона ќе игра и голманката на кадетската репрезентација на Данска, Андреа Јоргенсен.
Оденсе ќе биде дел од групата Б во ЛШ со Есбјерг, Будуќност, Лудвигсбург, Брест Бртетањ, Ѓер, Вајперс Кристијансанд и Рапид Букурешт.