ФОТО: Оденсе

Оденсе го шокираше Ѓер, Рапид на Ристовска со нов пораз во ЛШ

Изненадување во 6. коло од Лигата на шампионите кај дамите приреди Оденсе, кој на гостувањето во Унгарија кај Ѓер славеше со седум гола разлика, 35:28.

За Оденсе ова беа два важни бода во борбата за првите две позиции во групата Б, сега данскиот тим има осум бода, додека унгарскиот гигант бод повеќе, односно девет.

Екипата на Рапид Букурешт, во која настапува репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска, доживеа нов пораз.

Романскиот тим на свој терен беше поразен од Брест Бретањ со 34:31 и по шест одиграни натпревари останува на претпоследното место во групата Б, на свое конто има три бода.

Македонската репрезентативка во дадената минутажа на теренот успеа да постигне четири гола од седум обиди, додека во победничката екипа незапирлива беше Ана Вјахирева со 11 погодоци.

На победа во 6. коло од европската елита се радуваа уште Ференцварош, Сторхамар, Мец и Есбјерг.

Лига на шампиони, 6 коло, резултати:

група А
Ференцварош – Крим 28-26
Подравка – Никобинг 27-27
ЧСМ Букурешт – Мец 31-32
Сторхамар – Глорија Бистрица 25-23

група Б
Рапид Букурешт – Брест Бретањ 31-34
Ѓер – Оденсе 28-35
Вајперс Кристијансанд – Будуќност 32-23
Лудвигсбург – Есбјерг 31-36