Младиот репрезентативец на БиХ, левиот бек Немања Пештиќ, на лето ќе го напушти српскиот суперлигаш Врање и ќе се пресели во Асобал лигата, пишува „Балкан Хендбол“.
Пештиќ во Врање пристигна пред два месеци од редовите на Партизан и на седум одиграни натпревари за тимот на Ѓорѓе Теодоровиќ успеа да постигне дури 60 голови.
Неговите одлични партии беа забележани од неколку клубови од странство, а левиот бек одлучил кариерата да ја продолжи во некогашниот учесник во ЛШ – Ла Риоха.
Станува збор за клуб кој моментално се наоѓа на 10. позиција во Асобал лигата, оваа сезона не учествува на европа сцена, но години наназад беше дел од европските натпреварувања.
22-годишниот ракометар својата кариера ја започна во родниот Брчко, таму беше дел од Јединство, ги мина сите младински категории на БиХ, а во 2020 година беше на проба во Барселона.