Од Велес се пресели во Португалија

Бразилскиот кружен напаѓач Пабло Антунес во новата сезона ќе има нов предизвик во неговата кариера.

Тој играше за тимот што повеќе не се натпреварува, Борец ФЛ, а по само една полусезона замина од Македонија.

Бразилецот потпиша за португалската екипа Спортинг Хорта, за која своевремено играше и легендарниот Ацо Јоновски.

Од другите странци што играа во Борец ФЛ, во татковината се врати Хрватот Бариша Цвитановиќ, во Израел ќе игра десниот бек Габриел Черубим, додека во Македонија остана голманот Александар Ѓурѓевиќ, кој ќе го брани голот на Струга.