DENIS

Од Вардар во Нови Сад: Николиќ потпиша за Војводина!

Српскиот вицепрвак Војводина донесе уште еден ракометар од македонскиот вицепрвак Вардар.

По Марко Срдановиќ, и левиот бек Матија Николиќ стана дел од тимот предводен од Владан Матиќ.

Николиќ долго време беше во потрага по нова средина, се споменуваше Швајцарија како нова дестинација, но заврши во Нови Сад.

Тој две сезони играше за „црвено-црниот“ тим, а претходно беше дел од словенечката Крка, односно Црвена Звезда.

Дебито за новиот тим, Николиќ ќе го има во Македонија, каде Војводина ќе настапи на регионалниот турнир со Вардар, Еурофарм Пелистер и Ловќен.