Од Вардар во Кавадарци: Томче Стојановски се сели во Тиквеш

Левиот бек Томче Стојановски по една година заминува од Вардар и ќе има нов предизвик во кариерата.

Тој се сели во Кавадарци и ќе го засили тимот на Тиквеш, кој е предводен од Кристијан Грчевски, тренерот со кој соработуваа заедно во Бутел Скопје.

Стојановски игра на бековска позиција и е еден од најдобрите дефанзивци во лигата. Пред две години беше прогласен за најдобар одбранбен играч во изборот на Ол Стар тимот на 24Ракомет каде гласаа читатели, новинари и тренерите од Супер лигата.

Откако ги мина младинските категории на Вардар, под водство на Зоран Петковски и на Стојан Петрушевски, тогаш младиот Стојановски стигна и до вториот тим на Вардар.

Потоа седум сезони беше член на Бутел Скопје, со кој играше и во европските купови, а сега одново ќе има можност да соработува со Грчевски.