Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер информираше дека од утре на пладне стартува продажбата на влезници за претстојното дерби со Вардар.
Цената на влезниците за најголемото дерби на македонскиот ракомет е популарна и ќе може да се купат за 200, односно 250 денари.
Тие може да се купат на добро познатите локации во Битола, како и онлајн на веб-сајтот на македонскиот шампион – ТУКА.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар се игра во „Боро Чурлевски“ в сабота на 10 февруари од 18:00 часот.
Вардарци стартуваат со три бода на табелата во плеј-офот, додека битолчани имаат бод помалку пред првата меѓусебна средба.