Бразилскиот кружен напаѓач Густаво Фереира Паива, по само една полусезона си замина од Радовиш.
Тој од ова лето ќе биде дел од амбициозниот литвански тим Драгунас Клаипеда, кој ќе игра во ЕХФ Европскиот Куп.
22-годишниот поранешен младински репрезентативец на Бразил претходно го носеше дресот на полскиот Легионово.
Тој потекнува од клубот Национал, каде играше до крајот на 2024 година, а по настапите во Полска и Македонија, ќе се проба и во Литванија.