Од Прилеп и Куманово на печалба во Грција

Бројот на странските ракометари во македонската Супер лига ќе биде намален за уште двајца, кои во есенскиот дел од сезоната играа за Куманово и Прилеп.

Како што објави 24Ракомет одамна, Србинот Огњен Радојичиќ се раздели со Куманово и во пролетниот дел од сезоната ќе го носи дресот на АЕК Атина.

Црногорскиот интернационалец Божидар Лековиќ, кој есента играше за Прилеп, ја продолжува традицијата секоја полусезона да менува клуб.

Откако раскина со Прилеп на средината на декември, не чекаше долго време и веднаш најде нова средина – ќе игра за грчкиот Атинаикос.

Во шампионатот на јужниот сосед ќе настапува уште еден странец од Куманово, Габриел Гуедеш Черубим, кој е пред преселба во Драма.