Ракометарите на Вардар вечерва ги очекува најважниот натпревар од Лигата на Европа, во Скопје ќе гостува португалскиот Порто.
Левото крило на Порто, Леонел Фернандез, знае дека само победа во „црвено-црниот“ дом ќе ги остави живи нивните шанси за прогрес.
„Се уште се обидуваме да ја пронајдеме нашата игра, а мечот со Вардар е многу важен во групата. Главната цел ни е победа, работиме за да ја вратиме самодовербата. Победувањето секако е важно, но начинот на кој би дошле до победите е поважен. Имаме обврска да славиме против Вардар. Мора ние играчите да се соземеме и да го дадеме она што досега ни недостигаше. Знам дека го можеме тоа, доста сме самоуверени. Имаме густ календар, доста патувања и не можевме премногу да се подготвуваме за дуелот, но добро го познаваме ривалот“, изјави Фернандез.
Натпреварот меѓу Вардар и Порто се игра вечерва во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20:45 часот.