Поранешниот член на Металург и Еурофарм Пелистер, Немања Обрадовиќ, ги засили редовите на Црвена Ѕвезда, која посакува пласман во плеј-оф фазата во домашниот шампионат.
Искусниот ракометар во Црвена Ѕвезда ќе пристигне од нејзиниот најголем ривал, тимот на Партизан.
Левиот бек со своето драгоцено искуство би требало да биде од голема помош за „црвено-белите“.
Обрадовиќ на интернационално ниво, освен за Еурофарм Пелистер, настапуваше и за Татабања, Загреб, Мешков Брест, Валенс и Висла Плоцк.
Црвена Ѕвезда моментално е позиционирана на 7. позиција во српскиот шампионат, но има големи шанси да заврши во ТОП 6.